Ноа која ја киднапираа милитанти од Хамас можеби нема да ја види мајка и која умира од рак
Девојка киднапирана од милитанти на Хамас кои возеа мотор можеби никогаш нема да се соедини со нејзината мајка, која ја губи битката со ракот на мозокот.
Препорачано
Ноа Аргамани (26) беше киднапирана на музичкиот фестивал „Супернова“ додека Хамас ја започна својата прекугранична операција во Израел, а беше снимена како моли за живот додека ја бркаа со мотор, извикувајќи „Не убивај ме“. Претходно, на денот на киднапирањето, Ноа му испрати порака на семејството за да ги извести дека е безбедна, но кога сите контакти престанаа, нејзиниот татко Џејкоб почна да ги проверува болниците.
‘Noa’s mother is very sick. I fear they’ll never see each other again’: Father is terrified his daughter who was kidnapped by Hamas on motorbike will never be reunited with her cancer-stricken mother https://t.co/NFahWHHfg4
— Daily Mail Australia (@DailyMailAU) November 4, 2023
Зборувајќи за „Мејл он Сандеј“, Џејкоб рече: „Подоцна, пријателот на Ноа ми се јави и рече дека видел видео како таа се вози кон Газа со мотор. Но, знаете, таткото не сака да верува. Мислев дека можеби видеото е матно. Се надевав дека е така. Се надевав дека навистина не е таа“.
Сеќавајќи се на она што го видел на видеото, тој рече дека веднаш знаел дека тоа е неговата сакана ќерка. Но, беше тешко да се гледа бидејќи таа беше јасно „исплашена, скаменета, а исто така и нејзиното момче“.
„Слика како онаа на вашата ќерка крши секого, особено кога мојата сопруга е во состојбата во која е“, додаде тој.


