„Њујорк тајмс“: Белата куќа го нападна Иран без никаква стратегија
По започнувањето на воената операција во Иран, Белата куќа не ја разгледала стратегијата и последиците од ескалацијата на Блискиот Исток, според уредничкиот текст во американскиот весник „Њујорк тајмс“.
Препорачано
Американската администрација започна војна со Иран без да им ја објасни својата стратегија на американскиот народ и на светот. Сега се чини дека немала конкретна стратегија од самиот почеток, наведува угледниот американски медиум.
Првите недели од операцијата против Иран не инспирираат доверба и наместо тоа се укажува на „невнимателност во планирањето на акцијата на Белата куќа“, оцени „Њујорк тајмс“.
Речиси три недели по почетокот на војната, претседателот Доналд Трамп нема очигледен план за предизвикување пад на иранскиот режим, нешто што, како што тој рече, дека го бара. Ако неговата цел е поскромна, како што е запленувањето на докази за нуклеарни објекти во Иран, тој се уште не понудил веродостојни идеи за нивно остварување. Исто така не успеа да испланира предвидлив несакан ефект од војна на Блискиот Исток кој се однесува на нарушување на снабдувањето со нафта во светот, што пак предизвикува скок на цените и ја нарушува глобалната економија – пишува „Њујорк тајмс“.
САД и Израел започнаа воена операција против Иран на 28 февруари во која беа погодени големи ирански градови, вклучувајќи го и Техеран.
Белата куќа го оправда нападот со заканите за кои се тврдеше дека доаѓаат од Техеран а се однесуваа на неговата нуклеарна програма и ракетниот систем на земјата.
Во меѓувреме ИРГЦ, или Корпусот на Иранската револуционерна гарда објави голема одмаздничка операција, напаѓајќи цели во Израел но и во земјите на Блискиот Исток кои имаат американски воени инсталации.
Како што наведува американскиот медиум, беа погодени и американски цели во Бахреин, Јордан, Катар, Кувајт, ОАЕ и Саудиска Арабија. Од друга страна во американско-израелските нападите врз Иран беа убиени врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и неколку други клучни личности во раководството на Иран.


