Ниту блиски пријатели не знаеле дека Кејт Мидлтон има рак: „Тоа беше огромен шок за нас!“

Кејт Мидлтон / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Британската принцеза Кејт Мидлтон минатата недела го шокираше светот со објавата дека има рак, а се чини дека ниту нејзините блиски пријатели не знаеле ништо за нејзината здравствена состојба.

– Тоа беше огромен шок. Само многу тесен круг на луѓе знаеја што се случува – рекол неименуван пријател на принцезата за „Пипл“.

Во видеото кое го шокираше светот на 22 март, принцезата Кејт откри дека ѝ бил дијагностициран рак и дека е се подложува на хемотерапија. Кејт зборуваше за тоа како дијагнозата на почетокот била тајна за „благосостојбата на нивното младо семејство“, а гласот ѝ „пукнал“ кога ги спомнала своите деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

– Добро сум и секој ден станувам сè посилна со тоа што се фокусирам на работите кои ќе ми помогнат да оздравам – во мојот ум, телото и духот. Во овој момент мислам и на сите оние чии на животи влијаел ракот. На сите кои се справуваат со оваа болест, во која било форма, ги молам да не губат верба и надеж. Не сте сами – рече Кејт во видеото.

Зад кулисите, принцезата од Велс на прво место го стави своето здравје, но таа не беше во целосна изолација. И таа и принцот Вилијам беа видени на спортски настани во последниве недели – на 16 март, парот беше фотографиран заедно купуваат во фармата во Виндзор.

– Многу е важно заедно да се забавуваат кога можат. Тука станува збор за тоа таа да чувствува поддршка. Таа воопшто не се чувствува изолирано – рекол семеен пријател.

Во деновите по објавата на Кејт, таа и Вилијам се фокусираа на своите деца, кои во моментот се на велигденски празници. Петчленото семејство ќе ја прескокне традицијата и нема да присуствува на кралската велигденска служба во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор и наместо тоа ќе го помине долгиот викенд во приватност на својот дом.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се трогнати од љубезните пораки од јавноста по дијагнозата

 

Братот на принцезата Дијана искрено проговори за ситуацијата со Кејт Мидлтон: Се грижам за тоа што се случи…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот