Фото: Bayer 04 Leverkusen

Ништо од Хојлунд и Влаховиќ: Милан договори напаѓач од Бундеслигата, може да плати 30 милиони евра

По повеќемесечни обиди и неуспешни преговори со големи имиња како Душан Влаховиќ и Расмус Хојлунд, Милан конечно го пронајде својот нов предводник во нападот, Виктор Бонифејс, напаѓачот од Баер Леверкузен.

24-годишниот Нигериец ќе биде новото офанзивно оружје на „росонерите“, кои се надеваат дека токму тој ќе донесе свежина и ефикасност во новата сезона. Во изминатата сезона Бонифејс постигна 9 гола на 18 натпревари за Леверкузен, иако голем дел од сезоната го мина надвор од терените поради повреда.

Милан го доведува Бонифејс на едногодишна позајмица за пет милиони евра, со право на откуп за дополнителни 24 милиони на крајот од сезоната. Доколку се активира таа клаузула, договорот на Бонифејс со Милан ќе важи до 2030 година.

„Росонерите“ новата сезона во Серија А ја започнуваат в сабота во 20:45 часот со дуел против Кремонезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот