Николовски: За седум години поддржани се 1.700 жени земјоделки со над 1,1 милијарди денари

Љупчо Николовски/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Последниве 7 години преку сите мерки, сме поддржале 1.700 жени земјоделки со над 1,1 милијарди денари, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на средбата со членките на НФФ во неготинско Тимјаник, во пресрет на Меѓународниот ден на жената, соопштија од Министерството.

Николовски остварил средба со успешни жени земјоделки, мали производители на храна и сопственички на мали винарии, членки на Националната Федерација на фармери.

„Минатата година направивме историски чекор. Жените земјоделки, за прв пат, добија право да користат платено отсуство за мајчинство. Со усвојувањето на Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, започна реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка, во износ од 81.000 денари, за деветмесечен надоместок за мајчинство. Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство, потсетил министерот.

Тој додал дека оваа програма е времено решение, со цел да се излеземе во пресрет на жените земјоделки, до донесување на системско законско решение, на чија подготовка  се работи со МТСП, НФФ и We Effect.

„ Годинава поддршката која ја даваме за оваа мерка од 81.000 ја зголемуваме на 100.000 денари, за деветмесечен надоместок за мајчинство на жените земјоделки. Овие години заедно се креирани повеќе нови мерки за поддршка на жените земјоделки, со кој постигнавме многу успешни резултати, соопштил Николовски.

Вкупно, до сега околу 1.700 жени земјоделки добиле финансиска поддршка по разни мерки во вредност од над 1,1 милијарди денари, а 320 жени добиле грант за мерката „Рурална жена“.

Николовски потсетил дека за само две години, се доделени 67 грантови на жени земјоделки, преку програмите за поддршка на малите производители во вредност од 37 милиони денари. Од кои 36 жени добиле грант за производство на храна од неживотинско, три жени грант за храна од животинско потекло, 25 жени се добитници на грант за мали винарии, а три жени за мали дестилерии.

Кај мерката бизнис план поддршка добиле 115 жени земјоделки. Со поддршка во набавка на опрема и механизација се поддржани 626 жени во набавка на трактор, 12 во набавка на комбајн за ориз, седум во набавка на комбајн за жито, 111 во набавка на системи капка по капка, 158 жени во набавка на педигриран добиток, 12 во набавка на силоси и 10 за набавка на опрема за тутун.

„Она што е посебно, за нас како министерство, значајно, е што 290 жени оствариле право и добиле грант преку мерката млад земјоделец. Продолжуваме заедно да го унапредуваме и развиваме правото и стаусот на руралната жена, со уште поголема поддршка и внимание кон жената земјоделка“, подвлекол Николовски, соопштија попладнево од Министерството. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот