Николовски: Измените во Статутот на СДСМ се подготвуваа речиси два месеци, партијата се модернизира

Љупчо Николовски / Фото: Рики Пејковски - Слободен печат.

Крупни измени во Статутот на СДСМ, се подготвувале речиси два месеца. СДСМ се модернизира веќе подолг временски период, изјави Љупчо Николовски, генералниот секретар на партијата и вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, вечерва во дневникот на Сител ТВ, во однос на одржаниот 25 дигитален конгрес на партијата.

На прашањето каква им е визијата за спроведување на избор или чиј модел следат со еден ваков чекор, Николовски одговори дека тоа е чекор напред кон модернизирање и демократизирање на самата партија, но и на државата.

– Тоа ќе биде одличен пример согласно сите норми на Статутот. Воведена е нова целосна група или глава во самиот Статут која се однесува на непосредните избори. Тие ќе се организираат преку активна регистрација на целокупното членство кое што го имаме. Овој период ќе го искористиме да навистина покрај другото имаме целосна евиденција на членството на партијата, да ги направиме сите подготовки и веќе во април следната година со истекот на мандатот на ова раководство прво да избереме претседател на партијата на први демократски непосредни избори. Има соодветни услови, пет години работно искуство, односно работен ангажман и членување во СДСМ, но и еден целосен мандат на членство во Централниот одбор со право на глас, сите може да бидат кандидати, ќе ја поминат целокупната постапка и верувам дека ќе имаме успешни избори следната година во април на новиот претседател на партијата со што ќе имаме и нов конгрес на којшто ќе се изберат и Централниот и Надзорниот одбор, но и заменик претседателот на СДСМ, потенцираше вицепремиерот Николовски.

Во однос на локалните избори во Штип, тој информира дека за Штип СДСМ има соодветна комбинирана постапка.

– Веќе започнавме со постапка, донесовме вчера одлуки во делот на внатрепартиската постапка за избори, меѓутоа овој процес ќе продолжи и за следните локални избори коишто ни доаѓаат 2021. Ние тој тренд ќе го следиме. Таа демократизација на сите нивоа ќе продолжи и успешните пракси коишто ги имаме секако дека ќе ги продолжиме, рече вицепремиерот и генерален секретар на СДСМ НИколовски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот