Николов со порака до штипјани: Одлуката за зголемување на цената на водата за пиење ја носи Регулаторна комисија

Фото: facebook

Одлуката за зголемување на цената на водата за пиење за Општина Штип ја носи Ругулаторна комисија, а не локалната власт, реагираше денеска градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов по низата реакции од опозицијата и од граѓаните на социјалните мрежи.

Тој забележа дека го чудат изјавите на советниците од опозицијата кои знаат дека токму зголемувањето на цената на водата е според одлука на Регулаторната комисија.

– Ова си е најформална работа, законска работа, каде што Регулаторна комисија дава наредба на локалната власт, на Општината да ја регулира цената по проценти и како што се напишани во 2021 година – 5,4 отсто, во 2022 година некаде околу три до четири отсто и во 2023 година некаде околу, 2,5 отсто. Така да ги повикувам советниците да прочитаат, доколку не се научиле како некои работи функционираат во оваа држава и ние ги следиме законите, вели Николов.

Предлог одлуката за тригодишниот план за зголемување на цената на водата за пиење се најде на дневен ред на Комисиите на Советот на Општина Штип, а на првата седница во јануари се очекува да биде изгласана и од Советот на Општина Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот