николас кејџ
Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Николас Кејџ официјално го сменил презимето: „Подобро е да си глава на сопственото семејство, отколку кловн на туѓото“

Холивудскиот актер Николас Кејџ, роден како Николас Ким Копола, откри дека официјално го сменил презимето во Кејџ минатата година, а во ново интервју за „Вараети“, зборуваше за причините за таквата одлука и за неговиот однос со познатото филмско семејство од кое потекнува.

Како што истакна, сакал да изгради свој идентитет во филмската индустрија, без да се потпира на семејното презиме, кое, вели тој, честопати носело дополнителни очекувања и етикети.

– Јас сум Ник Кејџ. Минатата година законски го сменив името. И во приватниот живот и пред камерите, јас сум Ник Кејџ. Подобро е да бидеш глава на сопственото мало семејство отколку кловн на маргините на туѓото, па затоа решив да го прифатам и да бидам „Кејџ“ – рекол актерот.

Објаснувајќи го изборот на новото презиме, тој изјави дека инспирација пронашол во неколку извори, вклучувајќи го ликот на Марвел, Лук Кејџ, и авангардниот уметник Џон Кејџ. Тој исто така истакна дека сакал кратко и привлечно име, слично на оние што ги носат холивудските легенди.

Актерот додаде и дека решил да го задржи своето име Николас, кое му го дал татко му, иако, како што вели, секогаш му било необично поради францускиот правопис.

– Немам поим зошто ми даде француско име, но го направи тоа. И не ми е гајле дали ме викаат Ник или Николас, јас одговарам на обете – рекол Кејџ.

Кејџ потекнува од познатото семејство Копола, тој е син на Август Копола, брат на режисерот Френсис Форд Копола и актерката Талија Шајр, додека меѓу познатите членови на семејството се и Софија Копола и Џејсон Шварцман.

Во текот на својата кариера, тој најчесто настапувал под презимето Кејџ, освен во раните проекти во раните 1980-ти, кога сè уште го користел семејното презиме Копола.

Мрачната тајна од пропаднатиот брак со Лиза Мари Присли: „Николас Кејџ ѝ го фрли вереничкиот прстен вреден 65 илјади долари во океан“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот