Никола Мишковски од „Брза кујна“ по трет пат стана татко: Готвачот доби уште една ќерка

Никола БРЗА КУЈНА
Фото: Инстаграм

На јавноста ѝ е познат од кулинарското шоу „Брза кујна“ каде секој ден со колегата Марк Де Јонг и со гостите ги покажуваат кулинарските вештини. Но, тој е познат и надвор од границите на Македонија каде што неколкупати се докажа како врвен готвач освојувајќи многу награди.

Нашиот познат готвач денес со своите бројни фанови и пријатели сподели една прекрасна вест. Никола Мишковски повторно стана татко на уште една ќерка.

На свет ни дојде уште една мала принцеза. Фала ти Стефанија што ми го направи толку среќен и исполнет животот. Ве сакам, стои во објавата која познатиот готвач ја сподели на социјалните мрежи.

                                              Никола е горд татко на три деца. Од првиот брак го има синот Дарин, а со сопругата Стефанија ја имаат и ќеркичката Дарија.

Конечно свадба: Готвачот Марк Де Јонг „рипна во тавче“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот