Никола Кимовски е нов в.д. директор на Македонскиот народен театар

Македонски народен театар / Фото: Архива на „Слободен печат“

Филмскиот и театарски продуцент Никола Кимовски од денеска е в.д. директор на Македонскиот народен театар (МНТ).

Одлуката е донесена согласно решението потпишано од министерот за кулутра Зоран Љутков.

„Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на МНТ, која ја извршуваше од 2018 година“, информираат од театарот.

Кимовски уште денеска ќе започне да ја извршува својата должност како директор на националната установа МНТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот