Никола Бочваров Квартет

Никола Бочваров Квартет ќе го промовира новиот материјал на концерт во МКЦ

Концертна промоција на новиот материјал на Никола Бочваров Квартет и проекција на патописот „АвгустТур ’24“ ќе се одржи на 13 февруари, во 20 часот, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Квартетот работи во состав Никола Бочваров на бас-гитара, Александар Џигер Ванчовски (перкусии), Филип Димишковски (клавијатура) и Иван Петровски (гитара). Гости на концертот ќе бидат Кацар и Симе Златков.

Никола Бочваров е роден во Скопје на 25 декември 1976 година. Дипломирал на инструментот контрабас на Факултетот за музичка уметност во Скопје, оддел за популарни жанрови, додека џез-едукација има стекнато на конзерваториумот „Франц Шуберт“ во Виена. Големото искуство и обемната работа во изминатите дваесетина години го направија еден од најбараните и најмаркантни басисти кај нас.

Иван Петровски е еден од најмаркантните гитаристи од новиот бран во Скопје. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек аранжирање. Добитник е на престижната награда „Златен Орикс“ на Скопје џез-фестивал за најдобар џез-гитарист за 2020 година.

Александар Џигер Ванчовски е дипломиран перкусионист на Факултетот за музичка уметност при УГД во Штип, отсек џез. Тој е еден од најистакнатите музичари во Македонија. Во 2020 година беше избран за најдобар млад музичар на фестивалот „Џез фактори“ во Битола.

Филип Димишковски е музичар/клавијатурист од Македонија, роден 1995 година. Пијано почнал да свири на 12 години. Свири џез веќе на 14 години со неговиот учител Дамир Имери. На 18 години почнал да свири џез во локалните клубови во Скопје, со музичари како Тони Китановски, Гоце Стевковски Септет, „Некст ту сајленс“, Владимир Четкар, „Конкверинг лајон“, „Љубојна“, Игор Џамбазов и други. Скопскиот џез-фестивал му ја додели наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во Македонија во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот