Девојка од Авганистан фото Твитер

„Никој не се грижи за нас“: Видео со девојка од Авганистан стана вирално на социјалните мрежи

Додека Талибанците со застрашувачка брзина освојуваат големи делови на Авганистан, на Твитер стана вирална снимка од девојка која плаче за својата неизвесна иднина.

„Ние не сме важни затоа што сме родени во Авганистан“, вели девојката низ солзи.

„Никој не се грижи за нас“, продолжува таа. “Ќе умреме полека во историјата. Зарем не е смешно?” вели девојката.

Видеото, кое сега има околу 580.000 прегледи, прво го сподели активистот за човекови права Масих Алинеџад.

„Моето срце се крши за жените во Авганистан“, напиша таа.

Во претходниот период на владеење на Талибанците, на авганистанските жени не им беше дозволено да работат, студираат или да се лечат кај машки лекари, освен кога се придружувани од маж. На жените што го прекршиле законот им се заканува затвор, јавно камшикување, па дури и погубување.

„Талибанците веќе воведоа строги ограничувања за човековите права на жените“

Откако Талибанците ја загубија власта во 2001 година, меѓународната заедница работеше на отворање училишта за девојчиња и поттикнување на вработување на жени.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вчера изјави дека Талибанците веќе воведуваат строги ограничувања за човековите права на жените во областите што моментално се под нивна контрола.

„Особено е застрашувачки и срцепарателно да се видат извештаи за одземање на тешко стекнатите права на авганистанските девојки и жени“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот