Никој не дошол на роденденот на АУТИСТИЧНО ДЕВОЈЧЕ, нејзиниот татко направил нешто ХРАБРО И ФАНТАСТИЧНО (ФОТО)

фејсбук

Аутистичното девојче Реми Робинс од Велс многу се разочарала кога на нејзиниот роденден не се појавил речиси никој од пријателите.

Каде се сите мои другарчиња, ја прашала натажено својата мајка, која немала одговор на тоа прашање.

Нејзините родители на прославата повикале околу десетина деца. Само две се појавиле, две се јавиле дека не можат да дојдат бидејќи се болни, а останатите не се ни потрудиле да одговорат.

– Многу е тажно што никој од нив не не удостои да одговори – изјави очајниот татко Питер Џон Робинс.

фејсбук

Тој се одлучил да го спаси денот на својата ќерка па се одлучил во една група на Фејсбук да го објави овој статус.

– Ве молам, доколку некој има малку слободно време и дете кое отприлика има години колку мојата ќерка, дали би ми помогнале овој нејзин ден да го направам незаборавен? Не очекуваме ништо, никакви подароци, забавата е веќе платена, има многу храна, само сакаме да дојдат деца за да го прославиме роденденот на нашето девојче – напиша очајниот татко.

Тој успеа во својата замисла. На роденденот на Реми се појавиле 14 деца со родителите, а навратиле и многу други кои ја виделе потресната објава за да и го честитаат роденденот.

фејсбук

Неговата објава стана вирална, а била споделена повеќе од илјада пати, а таткото примил и бројни пораки за поддршка.

Ви благодарам на сите кои се одзвавте, изјави таткото за британските медиуми, признавајки дека и Реми била изнендадена од огромниот одзив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот