Никогаш не ја фрлајте! Еве за што сè може да се искористи кората од банана

Кората од бананата има антибиотски и антибактериски својства и поради нив би требало добро да ја искористиме, а еве неколку начини за тоа.

Избелете си ги забите

Сè што треба да направите е да ги триете забите со внатрешната страна на бананата две минути пред да ги измиете. Брзо ќе ги видите резултатите.

Намалете го чешањето

Особено по убодот од комарец. На местото од убодот притиснете ја кората и чешањето набрзо ќе помине.

Спасете се од инсектите

Идеало за оние кои имаат градина, а не сакаат да употребуваат инсектициди. Парче кора од банана закопајте на неколлку сантиметри длабочина околу растението и инсектите ќе ги избегнуваат.

Исполирајте ги обувките

Кората од банана е добра за полирање на кожните обувки, како и за полирање на сребрениот накит или приборот за јадење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот