Ниедна вакцина за ковид-19 не е регистрирана во Македонија, ама МАЛМЕД уверува – ќе биде лесна работа!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства Лирим Шабани за Слободен печат вели дека во Македонија не е регистрирана ниедна вакцина за ковид 19, затоа што се чека законски измени да бидат изгласани во Собранието.

До скоро, додава Шабани, вакцините за ковид 19 не биле регистрирани никаде во светот, туку тоа почнало да се прави постепено, со оглед на тоа што се работи за нови вакцини.

-Фајзеровата вакцина скоро е регистрирана во ЕМА. Кај нас секако ниедна вакцина не е регистрирана, ниту Фајзеровата ниту некоја друга за ковид 19. Но, ова е работа која многу брзо може да се направи. Ни требаат само измени на законот и веднаш ќе ја регистрираме, цел капацитет на МАЛМЕД ќе го ставиме во функција на регистрацијата. Многу краток ќе биде тој процес, само нека ни испратат документација и цела агенција ќе се зафатиме да работиме на ова. Фајзер нема пуштено апликација до МАЛМЕД. Законски, носител на одобрение мора да има претставништво во Македонија. Но, Фајзер нема претставништво во Македонија. Затоа правиме измена на закон која е во собраниска процедура. Тоа чекаме да се изгласа и ќе можеме да ги регистрираме вакцините, ни изјави Шабани.

Во Македонија нема да има ни руска, ни кинеска вакцина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот