Незири: Вчера спречивме обид на ДУИ за отварање нова лотарија

Аднан Незири (ФОФО АА)
Аднан Незири (ФОФО АА)

Овде сме да ги разоткриеме интригите на ДУИ која, иако во кампањата и сега продолжува да труби дека е против коцкањето, синоќа се обиде да прошверцува решение кое и овозможува да отвори лотарија во партнерство со државната лотарија, обвини пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците (АА), Аднан Незири.

– До доцните часови пратениците на ДУИ, поддржани од СДСМ, преку законодавно-правната комисија се обидуваа да одобрат автентично толкување на членот 7 од Законот за игри на среќа со кој се отвора пат за отворање на лотарија во партнерство меѓу државната лотарија и приватниот инвеститор. Сета оваа операција се обидоа да ја направат на најгруб начин, заобиколувајќи ја матичната комисија, онаа за финансии и буџет, за денеска да влезе на пленарна седница. Покрај ова, синоќа имаше уште еден прекршок, каде убедени дека толкувањето ќе помине, побрзаа и огласот за отворање на лотаријата го објавија во службен весник без одлука на Собранието, изјави Незири.

Кој сака да има профит од оваа работа, праша Незири, и реторички одговори: „јасно се гледа од тоа кои се предлагачите. Барањето за автентично толкување до Собранието го предложи пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари, а експресно позитивно мислење во име на Владата даде вицепремиерот Артан Груби“.

Тој нагласи дека оние кои веќе две децении се коцкаат со судбината на граѓаните сакаат да ја отворат лотаријата во приватно-јавно партнерство, но ве известуваме дека додека Алијансата за Албанците е во Собрание, ќе ги искористиме сите механизми да го спречиме зајакнувањето на овие девијантни појави, како што ни синоќа не дозволивме одобрување на дневниот ред каде што беше оваа точка, додаде Незири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот