Невообичаен прес: Растојанието меѓу новинарите и тенисерите најмалку еден метар!

фото: supertennis.tv

Тенискиот меч ќе започне во текот на утрешниот ден, а ќе се игра и в сабота и в недела, но како што е веќе познато ќе се одржи без присуство на публика.

Прес конференцијата во Торино, пред Дејвис куп мечот меѓу тениските репрезентации Италија и Јужна Кореја се одржа во невообичаена атмосфера.

Растојанието меѓу новинарите и тенисерите поради епидемијата од коронавирусот беше најмалку еден метар.

Мечот почнува во текот на утрешниот ден, а ќе се игра и в сабота и в недела, но како што е веќе познато ќе се одржи без присуство на публика.

Италија и Кореја се меѓу земјите со најголем број зарезени од „Ковид 19“.

Спортските настани во Италија еден месец до 3. април ќе се одржуваат зад затворени врати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот