Неверојатни бројки: 30 секунди реклама за време на Супер боул продадена за 6.5 милиони долари

Рекламите за време на Супер боул се продаваат за неверојатни суми/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Американската телевизија Ен-Би-Си соопшти дека неодамна продаде рекламен блок од 30 секунди за време на претстојниот Супер боул во НФЛ лигата за рекордни 6.5 милиони долари.

Шефот на маркетинг на Ен-Би-Си, Ден Ловингер, изјави дека рекламите за 52. издание на Супер боул кој ќе се одржи на 22. февруари 2022 година на стадионот „Софи“ во Инглвуд, Лос Анџелес, речиси се продадени и останати се само неколку празни термини, односно рекламни блокови.

– Видовме дека има барања за слободните термини, но внимателно работиме за да извлече највеќе што можеше од нив – изјави Ловингер.

Тој откри дека 30 секунди рекламен блок е продаден  за 6.5 милиони долари, а купувачите ќе можат да се рекламираат и на настаните како што се Зимските олимписки игри.
Досега најскап рекламен блок беше за време на 50. Издание на Супер боул кога за реклама од 30 секунди беше платено 5.5 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот