Неверојатната приказна на Пауло Коелјо: Живеел во психијатриска установа и има необични ритуали за пишување!

После појавата на романот „Алхемичарот“ во 1988 година, бразилскиот писател Пауло Коелјо стекнува светска слава. Секој негов роман е бестселер, а не постои ниту еден љубител на книги кој нема прочитано барем една негова книга. Овој генијален писател позади себе крие необична и помалку шокантна животна приказна.

Тој е роден на 24 август 1947 година во Рио де Жанеро. Денес има 70 години и со својата сопруга живее во Женева.

Иако релативно доцна започнал да се занимава со пишување, тој успеал да освои милиони луѓе ширум светот.

View this post on Instagram

Un rêve devenu réalité

A post shared by writer (@paolocoelho_) on

Рана младост

Животната приказна на Пауло Коелјо е многу интересна, па дури и малку интригантна. И покрај големата љубов која ја имал кон пишувањето, никогаш не успеал да се избори со своите родители кои за него планирале поинаков живот. Неговата мајка сакала тој да стане инженер или адвокат, поради што повеќе пати го праќала во психијатриска установа за да му ја „извади од глава“ идејата да стане писател. Причината за тоа бил фактот дека во Бразил не може да се заработи многу од пишување.

Сепак, Пауло повеќе пати има изјавено дека им простил на родителите што не му пружиле поддршка кога му било потребно, иако престојот во менталната институција влијаела на тоа да пати од краткорочно помнење.

Животот пред пишувањето

Коелјо бил типичен бунтовен тинејџер и прилично лош ученик. Бил сиромашен и многу несреќен на училиште. Исто така, тој бил и мета за силеџиите, а тој проблем успеал да го реши благодарение на својот талент за раскажување феноменални приказни. Откако се запишал на правен факултет, набргу го напуштил, предавајќи се на дрогата. Патувал низ светот како хипик, а пред да започне да се занимава со пишување, бил актер, текстописец и режисер.

Поради својот политички активизам бил уапсен неколку пати. Во 1974 година бил уапсен поради активности против тогашната воена влада која ги гледала неговите текстови како левичарски и опасни.

Киднапиран бил заедно со својата девојка, а деталите околу случувањето се се уште мистерија.

View this post on Instagram

interview avec Oprah

A post shared by writer (@paolocoelho_) on

Пресврт на 38 години

Благодарение на аџилакот во Шпанија на 36-годишна возраст, Пауло доживеал пресврт. Во потполност решил да се посвети на пишувањето и така настанал неговиот прв автобиографски роман за патувањето, меѓутоа, дури неговата втора книга – „Алхемичарот“ била таа која му ја донела сета слава, бројните награди, тиражот од 35 милиони примероци и најмногу преводи на книга за жив писател во светот. Интересно е тоа што Пауло токму овој роман го напишал за помалку од две недели. Романот претставува метафора на неговиот личен живот, препреките и пронаоѓањето на личната животна цел, бидејќи преку главниот лик, Пауло себеси си го поставувал судбоносното прашање: Зошто ми требаа 10 години да го напишам својот прв роман?

А, ова се неколку интересни факти за Пауло Коелјо кои сигурно не сте ги знаеле:

1. Пред пишувањето на секој роман има еден невообичаен и помалку бизарен ритуал. За да започне со пишувањето на нова книга, го чека јануар на секоја непарна година.

2. Во 1996 година го основал институтот кој пружа поддршка на старите луѓе и сиромашните деца.

3. Тој има сопствена издавачка куќа.

4. Никогаш не зборува за насловот на книгата и она за кое што ќе пишува однапред, дури ниту на својата сопруга не ѝ кажува. Тоа за него е премногу интимен чин.

5. Сака да пее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот