Неверојатна љубовна приказна на Софија Лорен и Карло Понти: Никогаш повеќе нема друг да сакам!

Софија Лорен, глумица и убавица, синоним за елеганција, стил и женственост, ја доби својата кочија и во неа, 22 години постариот принц, Карло Понти. 

Карло Понти првпат ја видел својата идна сопруга во 1950 година, додека била судијка на натрпеварот „Мис Елеганција“. Тогаш тој бил оженет и имал 37 години, а Софија имала само 15 години. Тоа била љубов на прв поглед.

Филмскиот продуцент кој се потпишал зад славните филмови, каков што е „Доктор Живаго“, ќе помогне за кариерата на убавата Софија Лорен. Имено, благодарение на Понти, таа научила англиски јазик и сериозно почнала да се занимава со глума. Исто така, поради него, таа го сменила името од Софија Шикалоне во Софија Лорен, а ѝ обезбедил и серија на филмски улоги.
профимедиа
Седум години подоцна, Понти и Лорен се венчале. Веќе разделен од својата сопруга Џулијана, со која имал син, познатиот филмски продуцент побарал развод и набрзо потоа се оженил со Софија. Свадбата, организирана дома, била со присуство на близок круг на пријатели.
Следната недела католичката црква го обвинила Карло за бигамија и се заканлила дека бракот со Софија нема да му биде признат.
Дури после низа години, низа судски спорови, обвинението било повлечено. Парот пак, немал друг избор освен да го анулира бракот, па тоа го направиле во 1962 година.
профимедиа
Во однос на нивниот прв обид за брак, Софија еднаш рекла:
– Ми претеа со екскомуникација, со пекол, но зошто? Се вљубив во човек чиј брак години претходно беше завршен. Сакав да му бидам жена и да имам негови деца. Направивме се што беше во наша моќ, за да бидеме и официјално признат пар, меѓутоа јавноста нè нарекуваше грешници и блудници. Наместо да бевме среќни, го минавме медениот месец, се сеќавам, во солзи, плачев со часови“.
Откако конечно направиле договор со Џулијана, а разочарани од Италија, парот се преселил во Франција и добил државјанство, а тоа му дозволило на Карло правно да побара развод и повторно да се ожени.
Истата година, на 9 април, преубавата Софија и нејзиниот Карло конечно се венчале во париската општина.
профимедиа
И покрај огромната разлика во години (22 години), нивната љубов била силна и трајна. Парот добил две деца, Карло Џуниор и Едвардо.
Во брак биле над 50 години, сè до смртта на Понти, на 10 јануари 2007 година.
Две години по смртта на Карло Понти, кога ја прашале дали планира повторно да се омажи, одговорила:
– Не, никогаш веќе, би било невозможно да сакам било кој друг!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот