Неверојатна донација на Мајкл Џордан: 100 милиони долари во борбата против расизмот

EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Убиството на Џорџ Флојд ги крена граѓаните на САД на масовни протести во кои бараат конечно да се искорени расизмот.

Веќе неколку дена низ речиси сите големи градови во САД има масовни протести поради бруталноста на полицијата и бараат да се почитуваат правата на Афроамериканците.

Сега со конкретен потег во борбата за еднаквост се вклучи и најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан. Тој ќе донира дури 100 долари во борбата против расизмот.

„Брендот Џордан сме ние, црната заедница. Тоа е повеќе од еден човек, секогаш бил семејство. Ние претставуваме гордо семејство кое ги надмина сите препреки, се бореше против дискриминацијата во заедниците ширум светот и која работеше и работи секојдневно за да го искорени расизмот и неправдата.
Денеска објавуваме дека Мајкл Џордан и брендот Џордан ќе донираат 100 милиони долари во наредните 10 години на организации кои се посветени на борбата против расизмот и обезбедување на расна рамноправност, социјална правда и подобрување на образованието“, стои во дел од соопштението на Мајкл Џордан и на неговата компанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот