Нетанјаху: Нема магични решенија за пандемијата

Нетанјаху / Фото Архива

Јавноста треба да го направи својот дел – со носењето маски, миењето раце и одржувањето безбедно растојание едни од други, додаде тој.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израелците треба да преземат „лична одговорност”, одговарајќи на растечкиот притисок од бесните граѓани за неговото заминување од функцијата поради двојната, епидемиска и економска криза во земјата, јави ДПА.

-Вториот бран го погоди целиот свет, не само Израел, рече тој на почетокот од редовната неделна средба на владиниот кабинет.

„Ние продолжуваме да дејствуваме со полна сила да го запреме ширењето на пандемијата”, рече тој, но додаде и дека „нема магични решенија”.

-Јавноста треба да го направи својот дел – со носењето маски, миењето раце и одржувањето безбедно растојание едни од други, додаде тој.

Тој зборуваше за оваа тема откако десетици илјади Израелци протестираа синоќа, од зајдисонце  до раните утрински часови денеска, против него и неговиот кабинет.

-Израелската полиција во Ерусалим уапси 12 лица и употреби водени топови во растурањето на демонстрантите против владината политика за коронавирусот, изјави портпаролот Мики Розенфелд, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот