Илија Несторовски / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Несторовски: Милевски не сакаше фудбалери со силен карактер, сакав барем искрено да кажеше

Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски во интервју за „Моцарт Спорт“ зборуваше на разни теми, а една од нив беше и македонската репрезентација.

Несторовски зад себе има 50 настапи во националиот тим, меѓутоа во последните години не добиваше повик од сега веќе поранешниот селектор на Македонија, Благоја Милевски.

Според зборовите на Несторовски, Милевски не го повикувал во националниот тим поради неговиот силен карактер.

„Не би кажал дека имало конфликт. Благоја Милевски не сака играчи со посилен карактер, тогаш кажа дека не се вклопувам тактички, но тоа не држи. Сакав да кажеше искрено, но на крајот секој прави избор за кој мисли дека е исправен“, изјави Несторовски.

Несторовски се потсети и на отсуството од Европското првенство каде што не настапи за Македонија поради повреда на лигаментите која ја заработи само на еден месец пред почетокот на турнирот.

„Неверојатно е што една мала земја успеа да стигне до Европско првенство. Жалам што немав прилика да играм на завршиот турнир. На еден месец пред почетокот ги скинав предните вкрстени лигаменти. Останав да бидам само како морална поддршка“, изјави Несторовски.

Комплетното интервју на Несторовски можете да го прочитате – ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот