Несторовиќ за повторување на изборите во Белград, против меѓународна истрага

Докторот Несторовиќ во предизборната кампања

Бранимир Несторовиќ, пратеник од листата „Ние – гласот на народот“ изјави дека не треба да се дозволи меѓународна истрага за „нерегуларностите“ на изборите на 17 декември, туку треба да се повтори гласањето во главниот град на Србија, јави МИА.

Несторовиќ, од чија изборна листа зависи дали власта во Белград ќе ја има Српската напредна партија, рече дека оваа листа нема докази дека изборите на 17 декември биле нерегуларни, но дека локалните избори во главниот град треба да се повторат за да се види „што е што“. Повтореното гласање, според Несторовиќ би ѝ го одзело на опозицијата аргументот за кражба на гласови.

– Изборите во Белград треба да се повторат. Овојпат (опозицијата) ќе изгубат катастрофално. Со ова ќе им се исфрли од раце аргументот што тврдат дека го имаат. Скоро на сите избирачки места тие ги потпишаа записниците, самите се негираат, но всушност се разочарани што не го освоиjа Белград. Тоа е грдо и лошо за нив, но и за државата – изјави Несторовиќ на телевизијата „Прва“.

Тој најави дека одборниците од листата „Ние – гласот на народот“ нема да ја поддржат Српската напредна партија (СНС) во Белград, но додаде дека не знае што се случува со носителот на неговата листа на локалните избори во главниот град Александар Јерковиќ, кој не ја отфрли можноста да го поддржи мнозинството околу СНС.

Тој ја отфрли резолуцијата на Европскиот парламент на барање на „Србија против насилството“ да спроведе меѓународна истрага за наводните нерегуларности во Србија и предложи со ова прашање да се занимава Анкетната комисија на Собранието на Србија, која според него, би можела да биде предводена од претставник на тој опозициски блок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот