Фото: Архива на „Слободен печат“

Несреќа во Струмичко: Се преврте „Пежо“ на сред пат, возачот загина

Четириесет и шестгодишен жител на струмичкото село Сушево почина на лице место откако со автомобилот се превртел на патот Радовиш-Струмица.

Според информациите, несреќата била пријавена во полиција вчера околу 16:35 часот.

„Вчера во 16:35 часот во полицијата било пријавено дека на на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, кај клучката за селата Добрашинци и Нова Маала, автомобил „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.В.(46) од село Сушево, струмичко, се превртел на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот