Несоодветна комора ладилник е причина се уште да не функционира капелата во Тетово

Од декември 2019 година на седницата на Советот на Општина Тетово беше донесена одлука новоизградената капела кај православните гробишта да се даде на користење и управување на  јавното комунално претријатие „Тетово”, сепак објектот се уште не е во функција.

Во претријатието велат дека капелата иако е изградена со сите соодветни простории не може да се употребува поради нефукционалност на комората ладилник каде треба да се оставаат на телата на починатите граѓани.

– Просторијата за комора несоодветно е опремена од фирма изведувач на работите. Затоа и не може да се пушти во употреба капелата. Треба целосно просторот да биде комора, а не како сега само еден дел од просторијата каде е монтирана комората. Командната табла е внатре во просторијата, а треба да биде надвор, а и моторот на комората треба да биде поголем, изјави Гоце Новески, раководител на православните гробишта.

Проблемот го воочил стручно лице кое требало да издаде линценца за работа на капелата.

– Стручно лице за лиценца ни посочи дека во овој простор треба да има место за шест полици, по три лево и десно. Сега нема соодветно место за ниту едно тело да се постави, рече Новески.

Директорот на ЈКП Тетово, Џелал Цека нема одговор кога и како ќе се надмине проблемот.

– За капелата сум во контакти со АД „Бутел” во Скопје, да ни помогнат во овој дел. Нормално овој проблем е поврзан и со пандемијата. Сме во контакти со сите тие соодветни  субјекти и луѓе за да ставиме нови комори за да биде се ок и да ја пуштиме во употреба, рече Џелал Цека.

Освен комората, треба да се опремат и другите простории. Капелата почна да се гради во октомври 2015, а се заврши во текот на 2018 година.

Според членот 10 од Правилник за нормативи и технички стандарди и здравствено-санитарни услови за изградба и реконструкција на гробиштата, на придружните објекти и на инфраструктурата, просторијата наменета за ладење на телото на умреното лице треба да се одржува со температура од 0 (нула) до – 8 (минус осум) целзиусови степени. Комората ладилник треба да биде со постојан режим на ладење од -10 (минус десет) до -20 (минус дваесет) степени. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот