Неприкосновената Моника Белучи од Грција им одржа лекција на жените како треба да изгледаат! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Италијанската актерка и една од најубавите жени на светот, Моника Белучи (55) е фотографирана како летува во Грција и во таа прилика, како и секогаш таа изгледала фантастично.

Имено, убавата Моника веќе некое време ужива на островот Парос со пријателите и ќерките, каде заминале со приватен авион.

Фото: Профимедиа

Актерката во таа прилика беше фотографирана во летен фустан, додека на очите имаше темни очила за сонце. На нозете носела рамни чевли за на плажа и имала бело капче на глава.

Актерката и на 55 години изгледа фантастично, а таа уживала во сонцето, плажата и убавото друштво.

Фото: Профимедиа

Била фотографирана кога се упатила во еден ресторан на ручек, а во таа прилика пиела само обична вода, па веројатно на многумина е веќе јасно како успева да го одржи својот младолик изглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот