Париз, Франција
Фото: Pexels/Chait Goli

Франција останува прва светска туристичка дестинација, го собори сопствениот рекорд

Франција оваа година постави нов рекорд во туризмот, пречекувајќи ја бројката од два милиона посетители повеќе во однос на 2024 година и бележејќи раст на туристичките приходи од девет проценти. Од брановидните полиња со лаванда во Прованса до бескрајните песочни плажи во Нормандија, од ски-центрите распоредени низ Алпите до широките авении на Париз, земјата и понатаму го воодушевува секој посетител, пренесува „Тајм аут“.

Овие импресивни бројки ѝ овозможија на Франција повторно да ја понесе титулата најпосетена туристичка дестинација во светот, надминувајќи го сопствениот рекорд од 100 милиони посетители од 2024 година и угостувајќи дури 102 милиони патници во 2025 година.

Полна Месечина над Париз, Франција/Фото: Aurelien Morissard / Xinhua News / Profimedia

Посетителите оствариле вкупно 743 милиони ноќевања, што претставува раст од 7,5 отсто во однос на претходната година. Туристичките приходи пораснале за девет отсто во споредба со 2024 година и за 37 отсто во однос на 2019 година, достигнувајќи неверојатни 77,5 милијарди евра.

Париз, Франција / Фото: Thomas SAMSON / AFP / Profimedia

Што ѝ овозможува на Франција повторно да ја освои оваа престижна титула?

Според пишувањето на „Еуроњуз“ причината лежи во внимателно осмислена стратегија што овозможува раст на секторот, а истовремено го држи прекумерниот туризам под контрола. Земјата профитира и од регионалната и сезонската разновидност, па различни дестинации доаѓаат во фокус во различни периоди од годината.

Анси, Франција – Фото: Flickr

Франција има амбициозна цел до 2030 година да достигне годишен туристички приход од 100 милијарди евра. Сепак, поголемиот број туристи не е насекаде добредојден. Во текот на летото 2025 година, жителите на Монмартр, едно од најпознатите и најпосетени париски маала, протестираа против таканаречената посетата на странците наведувајќи дека е преплавен со туристички автобуси, организирани групи и краткорочни сместувања.

И покрај предизвиците, Франција и натаму останува глобален туристички лидер, успешно балансирајќи меѓу економскиот раст и заштитата на локалните заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот