Необично вкусно: Бомбици од кашкавал и маслинки

Состојки:

– 160 грама ситно рендан тврд кашкавал (гауда)

– 160 грама меко брашно

– 113 грама путер

– 36-40 парчиња полнети зелени маслинки, добро исцедени

Подготовка:

Измешајте ситно рендан кашкавал, брашно и растопен путер, замесете цврсто, но растегливо тесто.

Тестото исечете го на еднакви парчиња, израмнете ги на мали кругови во кои се вметнуваат исцедените маслинки и потоа обликувајте еднакви топчиња.

Наредете ги на хартија за печење. Од оваа количина се добиваат 36-38 топчиња.

Рерната загрејте ја на 200 степени и печете ги топчињата околу 15-20 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот