Кралот Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Необични и смешни божиќни подароци од кралот Чарлс: Од конзерва лосос до мелница за сол и бибер

Британскиот крал Чарлс III продолжува со традицијата на својата покојна мајка, кралицата Елизабета II, и на сите кои работат за него им подарува божиќни подароци и честитки. Според зборовите на еден од поранешните вработени, кралот сака да ги изненадува своите соработници со необични подароци за празниците.

Грант Харолд, кој седум години работел како батлер во Highgrove, за „Мирор“ раскажал какви интересни подароци добивал од кралот, пренесува „Јаху“.

„Сите имавме поштенски сандачиња во кои секое утро добивавме писма, а за Божиќ тој знаеше да остави некоја смешна ситница“, изјавил Харолд.

„Еднаш ми остави конзерва лосос, а една година добив мелница за сол и бибер, завиткана со панделка. Веројатно самиот добил кошница со подароци, па дел од работите ги делеше со нас“, продолжил поранешниот батлер.

„Ми беше прилично необично бидејќи не очекувате такви ситници. Но, тоа ја покажува неговата весела и практична страна“, додал Харолд. Тој исто така открил дека за празниците добивал и слатка честитка од кралот и неговите синови, принцовите Вилијам и Хари.

„За Божиќ секогаш ја добивавме таа позната божиќна честитка. Пред да се ожени со сегашната кралица, се сеќавам дека добивав честитки од него, Вилијам и Хари, и тоа секогаш беше посебно“, се присетил Харолд.

Сепак, Чарлс не е единствениот член на кралското семејство познат по необични божиќни подароци. Во 2011 година, Кејт Мидлтон ѝподарила многу интересен подарок на покојната кралица Елизабета II. Во документарецот „Our Queen at 90“ од 2016 година, војвотката од Кембриџ открила дека решила сама да направи нешто за кралицата.

„Се сеќавам на мојот прв Божиќ во Sandringham и бев загрижена што да ѝ подарам. Се прашував: ‘Што да ѝ дадам?’ Се сетив што би им подарила на моите баби и дедовци и помислив: ‘Ќе ѝ направам нешто сама’“, раскажала Кејт.

Мајката на принцовите Џорџ, Шарлот и Луис објаснила дека направила тегла пикантен сос, според рецептот на нејзината баба.

„Бев малку загрижена, но веќе наредниот ден ја видов теглата на масата“, додала Кејт. За тоа колку ѝ значело, заклучила: „Мислам дека тој едноставен гест имаше големо значење за мене, а подоцна забележав дека кралицата тоа го правеше во многу прилики. Тоа навистина покажува колку е внимателна и грижлива кон сите околу себе.“

Интересно е што кралските подароци често ја одразуваат личноста и интересите на монархот – од луксузни чоколади и чаеви, до уникатни кујнски предмети или ситници украсени со симболи на Велс. Божиќните прослави за персоналот пак служат за зајакнување на меѓусебните врски во рамките на кралскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот