Необичен тренд во карантин: Наместо пижами по дома, инфлуенсерките носат гламурозни фустани додека ги извршуваат обврските! (ФОТО)

Instagram

Луси Роџерс (32) неодамна направи Инстаграм профил @sayyestothewfhdress на кој секојдневно ги објавува своите гламурозни модни комбинации и покрај тоа што времето го поминува во домашен карантин, пренесува NewYorkPost.

„Го направив овој профил за да ги насмеам своите пријатели и семејство, но да бидам искрена, сега ова стана важен дел од мојот живот. Добив голем број пораки од луѓе кои ми рекоа дека им се допаѓа идејата, но и дека сакаат да мисе придружат“, откри Луси, инаку стручњак за дигитален маркетинг.

Луси ги покажа своите најомилени фустани, а воглавно станува збор за гламурозни креации, кои се носат на вечерни излагања и прослави.

Така таа јаде во најмодерните тоалети, чита книги, го чисти тоалетот.

Роџерс не е единствената која го води својот моден дневник на Инстаграм додека е во карантин.

Џесика Ванг, модната инфлуенсерка од Њујорк и блогерка, ги вади најдобрите модни комбинации од својот ормар, а потоа ги претставува на популарната друштвена мрежа.

Во една објава Ванг носи фустан на едно рамо, додека ги завршува домашните обврски.

Уште една инспирација стига и од инстаграм-профилот @wfhfits. Популарниот профил кој има 22,4 илјади следбеници, ги објавува најдобрите модни комбинации кои главно се пратени од други корисници на интернет платформата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот