ФОТО | Необичен бар во Белгија: Секој што ќе нарача пиво, мора да му даде една своја чевла на келнерот

Фото: Инстаграм/„Dulle Griet“

И покрај тоа што е една од најмалите земји во Европа, Белгија нуди богат асортиман на атракции за своите посетители – средновековни замоци, светски позната модна сцена, одлична храна и повеќе од 1000 брендови на пиво, пишува „Путни куфер“.

Белгија нуди и одлични транспортни врски, така што лесно може да се планираат лежерни излети и кратки патувања во непосредна близина на главниот град Брисел.

Еден од градовите кој секако го заслужува вашето внимание е прекрасниот Гент, кој важи за најкул место во Белгија.

Фото: Инстаграм/„Dulle Griet“

Доколку случајно се најдете во Гент, никако не пропуштајте да го посетите уникатниот бар „Dulle Grient“, каде келнерите ќе ве замолат да ги соблечете чевлите пред да ви послужат пиво. Да, добро прочитавте, а зад оваа необична идеја се крие одлична приказна.

Пред неколку месеци, „Гардијан“ го прогласи „Dulle Grient“ за еден од најдобрите барови на светот. Што се однесува до изгледот, вистина е дека овој локал лоциран на познатиот „Vrijdagmarkt“ во Гент го претставува архетипот на белгиските локали. Ѕидовите се прекриени со постери со пиво, врамени во винтиџ тркала и украсени со висечки кукли кои потсетуваат многу на морничавата историја на плоштадот каде што се наоѓа. Како гостин, постои голема веројатност да седнете на стара столица, што се чини дека е незаменлив елемент на секој сериозен пивски бар.

Овој белгиски бар стана светска вест во последните недели, поради еден необичен детаљ.

Фото: Инстаграм/„Dulle Griet“

Имено, во обид да се избори со кражбата на чаши за пиво, „Dulle Grient“ воведе исклучително оригинален систем: секој гостин кој нарачува пиво мора да му предаде една од своите чевли на келнерот, како гаранција дека ќе ја врати чашата пред да излезе од барот.

За среќа, постојат добри вести за сите оние кои не сакаат да ги соблекуваат чевлите во јавност, од која било причина. Оваа мерка се применува само кај гостите кои нарачуваат чаша Max пиво, кое се служи во чаша со волумен од најмалку 1,2 литри и доаѓа во импресивен дрвен држач за чаши. За другите видови пиво кои се служат во обични чаши – тоа нема да биде потребно.

Со пивото оди и добра музика, а Гент е совршен град за љубителите на добрите концерти.

Гент има свој саундтрак. И тоа многу разновиден. Како еден од петте светски градови на музика на УНЕСКО, Гент изобилува со оперски куќи, културни куќи како „Vooruit“ и фестивали како иновативниот, но класичен „OdeGand“ или остриот и алтернативен фестивал „Boomtown“.

Но, најголемата карактеристика се безбројните барови и концертните клубови низ градот. Упатете се до „Kinky Star“ за гласен рок, „Café Video“ за нешто помодерно или „Hot Club de Gand“ за возбудлив џез. Во Гент речиси секоја вечер можете да дознаете што е актуелно на домашната и меѓународната музичка сцена!

Фото: Инстаграм/„Dulle Griet“
Фото: Инстаграм/„Dulle Griet“
Фото: Инстаграм/„Dulle Griet“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот