Ненадејно почина продуцентот на „Еуфорија“ и „Идол“: Имал само 44 години

Фото: John Salangsang / Shutterstock Editorial / Profimedia

Холивудскиот продуцент Кевин Тунер ненадејно почина на 44-годишна возраст.

Извршниот директор, кој беше најпознат по неговата работа на „Еуфорија“ и „Идол“ на ХБО, ненадејно почина во текот на викендот.

Неговиот татко во изјава за „Дедлајн“ ја потврди оваа тажна вест и објави дека сè уште не е откриена причината за смртта на неговиот син.

Во изјавата на неговиот татко Едвард Турен, се вели: „Кевин беше толку посебен, овој свет ќе биде празен без него“, рекол неговиот татко.

Џеј Пенске, извршен директор на матичната компанија PMC и негов близок пријател, се прости од него со следните зборови:

„И покрај неговите многубројни достигнувања во Холивуд, најголемата страст на Кевин беа неговото семејство и пријателите. Тој беше толку горд на своите деца. Тој и неговата сопруга Евелина беа посветени на тоа нивните деца да растат со високи вредности и да направат промени во светот. Нашето колективно срце се кине за нив и сите чувствуваме толку длабоко чувство на загуба.Ќе ни недостига Кевин толку многу, а овој град изгуби една од своите најсветли ѕвезди во подем денес“.

Кевин Тајнер неодамна ги продуцираше филмовите „Неподносливата тежина“ на Николас Кејџ и Педро Паскал , „Х“ во кој глуми Миа Гот и „Еуфорија“ и „Идол“ на ХБО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот