Фото: РФМ

Немавме среќа: Македонија ремизираше против Португалија

Македонската ракометна селекција одигра нерешено против Португалија (29-29) во натпревар во кој малку недостасуваше за целосен триумф.

Во првите 30 минути се гледаше рамноправна борба. Нашата репрезентација отвори со водство од два гола, но Португалците брзо возвратија, по што следуваше игра „гол за гол“, без ниту една екипа да се одлепи со поголема предност. Во самата завршница на полувремето Португалија успеа да направи разлика, најпрво поведувајќи со 14-12, а на пауза замина со плус два (15-13).

Вториот дел започна лошо за Македонија, период во кој противникот стигна до највисоката предност на мечот од пет голови. Сепак, нашите ракометари не се предадоа и постепено се доближија на минус два (20-22). Таа разлика неколкупати беше достигнувана, а пресвртниот момент дојде осум минути пред крајот, кога Томовски одбрани шут на противничкиот голман, по што Кузмановски реализираше за 25-26, негов 13-ти погодок.

По уште една интервенција на Томовски, Македонија во следниот напад за првпат во второто полувреме израмни на 26-26. До крајот се играше неизвесно, а во последните пет минути резултатот беше 27-27. Томовски повторно имаше две клучни одбрани, но недостигаше среќа,  топката двапати заврши кај Португалците, па не добивме можност за напад за победа.

Најрасположен во македонскиот табор беше капитенот Кузмановски, кој одигра извонреден натпревар и постигна вкупно 15 голови. Македонија последниот натпревар од првата фаза ќе го одигра во вторник против Романија, каде што ќе влезе во улога на фаворит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот