Нема заштитна опрема од ЕУ за земјите од Западен Балкан

Европската Унија одлучи да воведе посебни авторизации за извоз на лична заштитна опрема поради недостатокот со кој се соочуваат земјите членки.

Европската Комисија денеска информираше за амандманите на регулативата за авторизација на извоз на медицинска заштитна опрема од ЕУ кон трети земји, со кои се воведени неколку исклучоци, а во нив не спаѓаат земјите од западниот Балкан, и покрај барањата на владите од регионот.

-Ова е привремена мерка и не е забрана за извоз, целосно е во согласност со обврските на ЕУ, со оглед на еволутивната природа на ситуацијата Европската Комисија ревидираше неколку аспекти за да се исполнат целите, изјави Даниел Росарио, портпарол на ЕК.

Земјите изземени од посебните авторизации за извоз се Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија, Фарските Острови , Андора, Сан Марино и Ватикан соопштија од ЕК.

Европската Унија одлучи да воведе посебни авторизации за извоз на лична заштитна опрема поради недостатокот со кој се соочуваат земјите членки.

Српскиот претседател неодамна остро ја критикуваше ЕУ поради оваа одлука, изјавувајќи дека “солидарноста на ЕУ е само на хартија” и дека Србија може да смета само на нејзините “кинески браќа”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот