• заштитна

428 казни за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 428 прекршоци, информираат од МВР. Министерството воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.