Филипче: Да бидеме одговорни – да носиме заштитна маска 

Венко Филипче / Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Лекарите и медицинските лица секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита. Не е тешко и нема оправдување за тие кои не носат маска, кои не ги почитуваат мерките, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски – семејство, колеги и пријатели. Затоа што секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе. Грижата за себе во исто време е и грижа за тебе. Апелирам на почитување на мерките без исклучок!

Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни! – изјави министерот Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот