Нема возење за приватни потреби: Новиот градоначалник на Бања Лука ги собра клучевите од службените возила

Новиот градоначалник на Бања Лука Драшко Станивуковиќ, откако вчера ја презеде функцијата прво што направи – нареди да бидат вратени во општинсите кацеларии клучевите од сите службени возила. Тој на Инстаграм објави фотографија на која се гледа работна маса полна со клучеви.

„Никој веќе нема право да користи службени автомобили за приватни цели, како што беше досега. Над 70 проценти од службените автомобили не беа на паркингот пред градската администрација по работното време. Ќе донесеме одлука сите службени автомобили да бидат обележани, а подготвен е и нов правилник за употреба на овие возила“ – порача Станивуковиќ.

Тој додаде дека има и автомобили во вредност од над 100 000 конвертибилни марки (околу 50 000 евра), кои, како што најави, ќе се продаваат затоа што има повеќе приоритетни работи за граѓаните на Бања Лука.

Сви кључеви од преко 50 службених аутомобила враћени су у 16 часова, на мој захтјев, у просторије Кабинета…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот