Нема веќе евтини карти за студенти во Театар комедија

фото: Фејсбук

Студенти и ученици со студентски или ученички легитимации веќе нема да можат да купуваат евтини карти од Театар комедија. Ако сакаат да посетат некоја од претставите наместо досегашните 200, ќе треба да платат цели 400 денари. Нема попуст ниту за пензионери. И тие ја плаќаат целосната сума. Одлуката е донесена на почетокот на декември минатата година и со неа престанува да важи претходната одлука со која се добиваше попуст. Директорот на Театар Комедија Дарко Спасов вели дека попустот за студенти и пензионери бил одреден со одлука во 2017 година и дека важноста на истата е истечена.

– Одлуката со која студентите и пензионерите добиваа карти за половина цена беше донесена пред повеќе од пет години. Ние ја проверивме и сфативме дека истата нема важност. На Управен одбор на Театар комедија едногласно беше утврдено дека истата треба да се укине- вели Спасов.

Според него театарот е преполн, интерес има за секоја претстава и се бара карта повеќе.

– Ни требаат средства за работа, треба да се подобрат условите за работа, треба да се реновираат одредени делови од театарот. Дел од студентите го злоупотребуваа попустот. Со легитимации или со индекси купуваа карти, а вечерта неместо нив доаѓаа нивните родители. Но одговорно тврдам дека доколку има слободни места во за одредени претстави нема да биде вратен ниту еден студент- вели Спасов.

Во Македонскиот народен театар пак студентите сеуште можат да добијат карти со попуст. На билетарницата ни рекоа дека за студенти кои ќе приложат индекс или студентска легитимација цената на билетот е 250 денари. Попусти добиваат и ученици но само доколку дојдат организирано. Во Драмскиот театар претставите за студенти се сеуште по „стара цена“. За нив има попуст доколку приложат доказ дека се студенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот