Нема поддршка за Законот на ЈО, нема опозициски предлог за јавен обвинител

Јас дадов предлог опозицијата да предложи свој канидат за јавен обвинител низ постапката опишана во закон и Парламентот да го избере, само за да го поддржат Законот за јавно обинителство, но тоа не се случи. Сега веќе тоа не важи, затоа што Законот е веќе донесен тој беше важен за евроинтегративниот процес. ВМРО-ДПМНЕ не се согласи на тој предлог кој беше даден низ разговорите кои беа гарантирани и од страна на ЕУ, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју на Канал 5.

Тој додаде дека сега за разлика од претходно законот важи за сите подеднакво, а како пример ги наведе и пресудите и предметите и истрагите што се водат против функционери на СДСМ, на ДУИ и на други политички партии.

– Законите ги донесовме, Законот за јавно обвинителство, Законот за судски совет, Законот за судовите и останатите европски закони, од пакетот 3-6-9, потоа од Планот 18 и очекувам сите претседатели на судовите да направат организација и план за работа. Можат да работат со позачестени рокови, да не застаруваат предметите. Законот за судски совет ги дава сите алатки за прочистување на судството во делот на ефикасноста, во делот на правичноста, подвлече претседателот на Владата, потенцирајќи дека многу лесно може да се види кој не работи од судиите и така да се прочисти судството  и тие што работат чесно да останат посветено и чесно да работат.

Прочитајте и...  Шведска забрани кинески компании да учествуваат во изградба на мрежата 5Г

Премиерот рече дека како политичар не може да дава коментари за судството, со цел да не се меша во независноста на судиите, но, додаде дека тој може да коментира оти најавеното прочистување на правосудството има потенцијал и дека може да се види и преку процесите кои започнаа против некои судии и дека тоа се охрабрувачки сигнали што ветуваат.

Прашан околу коалицијата со Демократската унија за интеграција (ДУИ), Заев рече дека повторување на изборите не е добро за државата.

– Ќе се повторат исто гласовите и што правиме? Само времето да го трошиме, плус корона? Малцинската влада не гарантира стабилност, ни економија, ни предвидливост на домаќинствата и слично. Секако, на крајот почитта кон гласот на граѓаните. Во демократијата – Заев кажал што мисли, Ахмети кажал што мисли, граѓаните буквално ни даваат наредби преку својот глас и тие кажуваат во кој правец треба да се движиме. Секако, разговаравме за многу наши предности и слабости коишто ги имаме како партнери. Зборувавме за сите успеси коишто сме ги постигнале, зборувавме многу и за неуспесите, односно слабостите на Владата коишто ги видовме, народот ни ги препозна. Не критикуваше. Губевме поени политички, а на крајот тоа се гласови коишто ги изгубивме на изборите. И во едни такви околности секако зборувавме многу за отстранување на тие слабости не само кај ДУИ, туку и кај нас кај што постојат заради тоа што на крајот така сме и подобри слуги на граѓаните, ќе им служиме на граѓаните подобро ако ги послушаме, наведе Заев.

Прочитајте и...  Филипче: Мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат

Тој рече дека времето ќе покаже и оти тој е секогаш транспаретен.

– Но, дефинитивно секој политичар прво тоа што го прави за себе и за својата партија, а и за својата татковина. На крајот сите имаме и награди и одговорности од ова, дали ќе не гласат пак и дали ќе не казнат. Ние сме граѓанско општество. Конечно немам внатре во нашата Владина програма права на овие, права на оние. Не, имаме права и обврски на граѓаните и насоченост на сервис на Владата кон граѓаните. И тоа е една голема придобивка, истакна Заев.

Поврзани вести

Исчезна маж од Скопје, семејството моли за помош

Слободен печат

Шилегов за тунелите под Кале: Подобро да изгубите време во проектирање, отколку да ви се случи Кичево-Охрид

Слободен печат

СДСМ: Протестите на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спасат од одговорност криминалците од нивните редови

Слободен печат

За министерот Маричиќ онлајн судењата се покажале доста ефикасни

Слободен печат

За време на молитва во римската базилика „Санта Марија“: Папата Франциск за првпат со заштитна маска

Слободен печат

Галерија+Видео: Скопје закочено од протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Остави Коментар