НЕМА МРДАЊЕ: Индиската влада го поставува најголемиот систем за надзор во светот

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Индиската влада подготвува инсталација на национален систем за препознавање на лица, но објавениот план привлече критики од активистите за човекови права и експерти за технолиогија, кои предупредуваат за ризиците од зголемениот надзор од страна на владата, пренсе „Дојче веле“.

Индиското Национално биро за криминал (НЦРБ) – владина агенција која работи под Министерството за внатрешни работи – доби понуди од приватни компании за да ја креираат првиот национален централизиран систем за препознавање на лица. Во петок ќе биде познато која компанија ќе го добие проектот.

Иранските власти велат дека технологијата е неопходна за да подобри безбедноста во земјата која има голем дефицит од полициски кадар. Во моментов, има 144 полицајци на секои 100.000 граѓани во Индија, што е меѓу најниските стапки во светот, според Обенидентите нации.

– Ова е обид да се модернизира полицијата, собирањето на информации, идентификаијата на криминалците, верификација и нејзино распространување ширум различните полициски организации и единици во земјата – велад од НЦРБ.

Брзиот напредок на вештачката интелигенција и нејзнната технологија на глобално ниво го популаризираше користењето на системите за препознавање на лица на повеќе апликации. Светски лидери на ова поле се Rekognition на Амазон, Face API на Микрософт, Cloud Vision на Гугл и Watson Visual Recognition на IBM.

Но, технологијата за препознавање на лица се покажа како непрецизна при идентификација на жени со потемна кожа, особено оние од етничките малцинства и трансродовите лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот