Сашо Клековски, директор на ФЗОМ / Фото „Слободен печат“ Мирослава Симоновска
Сашо Клековски, директор на ФЗОМ / Фото „Слободен печат“ Мирослава Симоновска

Нема лек за епилепсија „топирамат“ во Македонија

Поголем број здравствени осигуреници во Фондот за здравство се жалат дека го нема лекот „топирамат“, за епилепсија, мигрени и главоболки, извести денеска директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Според поплаките, пациентите не можат да го најдат лекот во државата 2-3 месеци.

-Лекот „топирамат“ кој се користи за епилепсија и за главоболки е недостапен зашто производителот од Хрватска „Белупо“ престана со производството на овој лек. „Белупо“ е единствениот што го има регистрирано лекот во Македонија, вети дека за 2-3 недели ќе биде достапна замена на македонскиот пазар, рече Клековски.

Болниците во Македонија да проверат уште колку хелиум имаат за апаратите за магнетна резонанца, поради војната во Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот