Нема финансиска помош за компаниите регистрирани во земјите кои важат за ,,Даночен рај”

Данска е меѓу првите држави која воведе забрана за компаниите кои се регистрирани во некоја од земјите  наречени ,,даночен рај”, да добијат финансиска помош поради кризата предизвикана од падемијата на коронавирусот.

Откако вложи милијарди евра за помош на компаниите кои забележаа голем пад на приходи поради мерките против епидемијата, Данска  најави  нов пакет мерки во износ од 14 милијарди долари, односно 100 милијарди дански круни.

Меѓутоа, врз основа на воведениот амандман, компаниите кои се регистрирани во некоја од државите кои важат за таканаречен даночен рај, опфатени на листата на Европската унија, нема да можат да се пријават и  да добијат помош од државниот буџет.

На оваа листа се наоѓаат 12 држави со ниска стапка на данок, или држави без данок,вклучувајки ја Панама, Сејшелските и Кајманските острови.

Вкупен износ кој данската држава го издвои за помош во економијата и домашните компании изнесува 400 милијарди дански круни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот