Нема да има предвремени избори, по локалните ќе се расчистува во судството и обвинителството, вели Николоски

Главниот фокус на Владата по изборите ќе биде ставен на, како што рече, „расчистување во судството и обвинителството“ и на воспоставување одговорност за сите кои ја злоупотребиле власта од „црната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица“.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска од Гостивар порача дека предвремени парламентарни избори нема да има. Тој нагласи дека владината коалиција е стабилна и одлично функционира, а нејзиниот мандат ќе трае до редовните парламентарни избори во 2028 година.

Главниот фокус на Владата по изборите ќе биде ставен на, како што рече, „расчистување во судството и обвинителството“ и на воспоставување одговорност за сите кои ја злоупотребиле власта од „црната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица“.

Тој вели дека има разлика помеѓу актуелната влада, која зборува за многубројни проекти, и опозицијата, која има само „празни зборови, манипулација и постојана жед и желба за власт“.

Според Николоски, постојаното барање предвремени избори ја покажува потребата на опозицијата само за привилегиите и, како што рече, криминалот од власта.

„Минатата година отидоа во опозиција, само една година и три месеци се поминати откако се во опозиција и не можат да додржат да останат во опозиција и цело време – предвремени избори, предвремени избори. Кога некој толку многу бара предвремени избори тоа значи дека него го интересираат само привилегиите од власта, а овие ги интересира и криминалот од власта“, рече Николоски.

Пред два дена премиерот Христијан Мицкоски отфрли секаква можност за одржување предвремени парламентарни избори напролет. Според него е жално позитивните економски индикатори да се прекинат со предвремени избори.

Притисок ќе има, предвремени – којзнае!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот