Неколку Австралијци почнале да халуцинираат откако се отруле од токсичен спанаќ

спанаќ
Фото: Unsplash

Неколку луѓе во Австралија конзумирале токсичен спанаќ, по што добиле халуцинации. Имено, на девет лица им била потребна медицинска помош откако изеле млад спанаќ произведен од „Ривиера Фармс“.

Здравствените власти известуваат дека отруените имале и забрзан пулс и заматен вид. Тие предупредија дека сите пакувања спанаќ од таа марка со рок на траење до 16 декември не се безбедни за консумирање и треба да се фрлат. „Ривиера Фармс“ соопшти дека спанаќот најверојатно бил загаден со плевел, но дека тоа не се случило со ниту еден друг производ.

„Никој не умре, па затоа сме многу задоволни. Се надеваме дека ќе остане така. Но, овие луѓе се прилично болни. Некои халуцинираат, гледајќи работи што ги нема“, рече докторот Дарен Робертс од државниот Информативен центар за отрови, објави Би-Би-Си.

Портпаролот на „Ривиера Фармс“ рече дека тие веднаш ги презеле сите неопходни мерки и побарале од продавниците да го отстранат овој производ од своите полици. Досега симптоми на труење пријавиле само граѓани во областа Сиднеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот