Некој ги избрусил зборовите „бугарскиот фашистички“ од споменик посветен на Богомилскиот марш

Фото: Телма

Градоначалникот на Чашка Горан Стојановски вчера пријавил во полиција дека на спомен-обележјето за учесниците во Богомилскиот марш, кој бил дел од Февруарскиот поход на Народноослободителната војска на Македонија за време на Втората светска војна, е оштетен дел од текстот на плочата, односно зборовите „бугарскиот фашистички“, објави „Телма“.

Спомен-плочата се наоѓа над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп. На неа е видливо дека за оштетувањето бил користен алат, веројатно брусилка. Полициски екипи се упатиле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Инцидентот бил пријавен вчера во 16:45 часот, иако на социјалните мрежи и претходно имаше објави за вандализмот.

Фото: Fimein (Elena Markova) / Wikimedia

Од Министерството за култура за Телма изјавиле дека споменикот не е регистриран како заштитено културно наследство. Како споменично обележје, за неговото одржување е надлежна Општина Чашка.

Според Законот, оштетувањето на меморијални споменици или спомен-обележја е кривично дело за кое е предвидена парична казна или затвор до три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот