Некогашниот италијански рај стана упориште на нигериската мафија

ФОТО: Профимедиа

„Давиде“ вели дека дрогата најчесто се внесува преку рибарски бродчиња.

Некогашниот туристички рај, Кастел Волтурно, помеѓу Рим и Неапол стана центар на нигериската мафија во Италија и Европа. Властите дигнаа раце од тоа место, кое е преполно со бегалци од Африка.

Покрај италијанската мафија, тука во последните години се етаблираше и нигериската мафија. Доушници на полицијата, кои сакаат да останат анонимни велат дека две мафии од различни етникуми се надополнуваат. Односно, италијанската мафија, или Камора, како што е називот во Италија, им го препуштила градот на нигериските банди.

Нигеријците вртат милиони, пред се криумчарејќи дрога и присилна проституција. Доушникот со кодно име „Давиде“ вели дека е еден од шверцерите на дрога од Еквадор, Малезија или Бразил. Патувал секаде каде што требало за да внесе кокаин во Италија.

Во Кастел Волтурну нигериската мафија има одврзани раце. Како и на другите места во Италија, властите тешко се соочуваат со организираниот криминал. Мафијата ги презела напуштените. Таму тргуваат со оружје, дрога, но и жени и девојчиња кои се присилуваат на проституција.

„Давиде“ вели дека дрогата најчесто се внесува преку рибарски бродчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот