Неизбежна е мутацијата на делта сојот, швајцарски научник предупредува на опасноста од појава на „супер сој”

делта сој
Фото: Профимедиа

Швајцарскиот научник Саи Реди предупреди на опасноста од појавата на нов „супер сој” на коронавирусот, што може да предизвика уште поголема загриженост ва светот во следните шест месеци.

Во интервју за швајцарскиот весник „Блик”, тој наведува дека е неизбежна мутацијата и на делта сојот.

-Тоа е нова фаза на пандемијата, кога бета или гама стануваат поинфективни или се развива мутација од делта сојот. Тоа ќе биде најголем проблем следната година, рече Реди.

Според него, „Ковид 22″ може да биде полош од се што светот видел досега во борбата против коронавирусот.

Реди смета дека науката и политиката веќе мора да се подготват за такво сценарио.

-Ако се формира таков вид, ние мора да го препознаеме што е можно поскоро, а производителите на вакцини мора да се прилагодат на тоа, рече Реди.

Тој верува дека претстојат шест тешки месеци и дека следната есен и зима ќе бидат исти како и минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот