Нехируршки третман што го стимулира производството на колаген и дава природни резултати

Фото: Клиника „Жан Митрев“

Дали е возможен лифтинг без хируршки зафат? Одговорот е ДА! Возможно е со Ultherapy®. Третманот со Ultherapy® е неинвазивна постапка за лифтинг и затегнување на кожата на лицето, вратот и деколтето, единствената која е одобрена од страна на американската Федерална агенција за лекови и храна.

Ultherapy® е ,,златниот стандард“ кога станува збор за нехируршки лифтинг и затегнување на кожата согласно следните три параметри: начин на функционирање, голем број клинички докази и високото ниво на задоволство на пациентите. Секако тука се бројните награди што ги освојува секоја година во својата категорија како резултат на мислењата на релевантни медицински експерти и естетичари.

Предностите на Ultherapy®:

• нехируршки третман
• го стимулира производството на колаген
• дава природни резултати
• еднократна постапка

Ultherapy® делува подлабоко за да го стимулира производството на сопствен колаген и еластин. Може да се применува на следните области на лицето: над очните капаци, во зоната на образите, подбрадокот, вратот, деколтето.
Согласно резултатите од бројните испитувања, докажано е дека производството на колаген по примена на Ultherapy® во просек пораснало за 50%.

Дали Ultherapy® е безбедна процедура?

Да, Ultherapy® има добро воспоставен безбедносен профил. Ефектите се научно докажани со над 50 клинички студии. Моментално се продава низ целиот свет во повеќе од 78 земји. Изведени се над 1,5 милиони третмани на глобално ниво. Покрај тоа, ултразвучната енергија има докажана примена, која во областа на медицината се користи повеќе од 50 години.
Како Ultherapy® се разликува од другите козметички процедури?
Ultherapy® е нехируршки козметички третман кој користи тестирана технологија со ултразвук за стимулација на формирање на нов колаген длабоко под површината на кожата. Третманот трае околу 30 до 90 минути, во зависност од третираната област, без потоа да има потреба од дополнително опоравување. Тоа е и единствената процедура при која се користи ултразвучно снимање, што им овозможува на лекарите всушност да ги видат слоевите на ткивото каде што треба да се насочени третманите, а со тоа да се обезбеди депонирање на енергијата токму таму каде што ќе биде најкорисно.

Дали ќе треба да земам слободни денови?

Со Ultherapy®, нема пауза. По процедурата, можете да продолжите со вашите вообичаени активности веднаш, без да мора да следите дополнителни мерки по третманот.

Колку долго трае ефектот?

Бидејќи постапката го стимулира сопственото производство на колаген, колку долго ќе траат резултатите зависи од поединецот. Првичните резултати на затегнатост на кожата се видливи уште веднаш. Но, крајните резултати ќе дојдат до израз по вториот, односно третиот месец, како резултат на стимулираниот раст на новиот колаген и еластинот, кои го надополнуваат/заменуваат старото ткиво кон кое бил насочен третманот.
Еден третман Ultherapy® може да даде траен ефект кој ќе се задржи повеќе од една година кај некои луѓе. Дерматолозите ќе ве советуваат за веројатните исходи согласно возраста, состојбата и типот на кожа.

За да закажете кај дерматолозите, јавете се во Центарот за естетска дерматологија на 02/3104-910.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот