Неговата СТРАШНА СУДБИНА малкумина ја знаат: КИЈАНУ РИВС ја чува болната сестра, му почина девојката, а сите пари им ги дава на НИВ! (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Неговата СТРАШНА СУДБИНА малкумина ја знаат: КИЈАНУ РИВС ја чува болната сестра, му почина девојката, а сите пари им ги дава на НИВ! (ФОТО)

Кијану Ривс има доста тежок живот, но неговата страшна судбина малкумина ја знаат.

Актерот не е човек кој многу зборува, но кога ќе проговори, секој збор му е на место.

Во текот на една емисија Кијану Ривс ја отвори душата како никогаш претходно.

Актерот во еден момент ја изненади јавноста и гостите во студиото:

„Знам дека на оние кои на сакаат ќе им недостасуваме“

Таткото го напуштил кога имал само три години, а од тогаш со семејството често се преселувал – променил дури четири средни училишта, а во тоа време страдал и од дислексија.

View this post on Instagram

#keanureeves

A post shared by Keanu Reeves Ⓜ️ Keanu Reeves (@keanureeves09021964) on

Во 1993 година неговиот најдобар пријател, Ривер Феникс, почина како последица на предозирање, што силно влијаеше на Ривс.

„Беше сјаен тип и исклучително добар актер. Тогаш добро се согласувавме, страшно ми недостасува, често мислам на него“, изјави тогаш Ривс.

Во 1998 година го затекна уште една трагедија – со својата тогашна девојка очекуваше дете, но ќеркичката ја загубија во осмиот месец од бременоста.

Тоа резултираше и со прекин на врската, а само година ипол подоцна неговата девојка загина во автомобилска несреќа.

Малку е познат фактот дека Ривс е законски старател на својата сестра која заболела од леукемија. Во текот на нејзината борба со тешката болест, актерот покрена и низа хуманитарни иницијативи и организации за лекување на леукемија, а често донира и големи суми на пари во болниците и компаниите со иста цел. Практично сите свои пари ги доделува во хуманитарни цели, поврзани со лекувања на тешко заболени пациенти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close